Македонија
9. January 2019 - 16:51

Власта тврди дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира формирањето на ДКСК, опозицијата пак одговора дека власта не сака европски закон за борба против корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ го блокира формирањето на Антикорупциската комисија, обвинува владеачката СДСМ.. Од партијата велат дека опозицијата со нелогични предлози го условува донесувањето на новиот закон за состав на Државната комисија за спречување на корупција.. Поради ова, во владеачката партија сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ само декларативно се бори против корупцијата..

„Нема борба против корупцијата ако финансирањето на политичките партии остане надвор од ингеренциите на ДКСК. А токму тоа го бара ВМРО-ДПМНЕ заглавена во скандали поради партиско богатење. Да се залагаа за вистинска борба со корупцијата ВМРО-ДПМНЕ немаше да бара Комисијата да нема директен увид во сметките на функционерите“, изјави Александар Кирацовски, Генерален секретар на СДСМ.

Од опозициската партија велат дека Македонија тоне во корупција заради низа коруптивни скандали поврзани со функционери на власта.. Сметаат дека огласите за над 300 вработувања во администрацијата на три месеци до претседателските избори  е класична изборна корупција..

„Тоа е причината зошто оваа власт бега од донесување на европски закон за борба против корупцијата. ВМРО-ДПМНЕ останува на својот принципиелен став за формирање на ефективна антикорупциска комисија која ќе се бори против криминалните тенденции на оваа власт и која нема да биде само марионета на аболицираниот криминалец Зоран Заев и екипата околу него“, пишуваат во писмената реакција од опозициската партија.

Од владеачката партија велат дека по изглласување на уставните измени, Законот за антикорупција ќе се најде пред Комисијата за европски прашања.. По три дена расправа колку што предвидува деловникот, за него ќе се гласа на пленарна седница..