Македонија
14. July 2018 - 16:55

Власта слави покана од НАТО - опозицијата обвинува за криење за трошење буџетски пари за промена на име и покани што не се добиени

Околу 40 изведувачи, меѓу кои Архангел, Љубојна, Елена Ристевска, Кристина Арнаудова, Владо Јаневски, Слтакрстика, САФ, Дуке Бојаџиев, Ферус Мустафов, Фолтин... учествуваат навладината прослава за поканата за НАТО, што се реализира во 15 градови. Од друга страна реакциите за не стивнуваат и денеска. Реагираат изведувачи, политички партии, граѓани.

Владините велат дека поводот е голем, време е за прослава.

„Македонија доби покана да стане членка на НАТО и има датум за преговори со Европската Унија… Се изборивме за сигурна иднина… Доаѓа време на надеж, на победи, на гордост… Време на сигурност и безбедност“, се вели во објавената програма на веб-страната на Владата на Република Македонија.

Опозицијата пак, обвинува дека се трошат буџетски пари за да се слави промена на името и покана и преговори кои не сме ги добиле.

Дел изведувачи реагираа дека не знаеле за што точно настапуваат и дека поводот е спротивен на нивните лични убедувања. Но, засега никој не го откажал својот настап. Дел се решија хонорарот да го дадат во хуманитарни цели.

„ Настапот на Љубојна, кој што сите нé растревожи, во сабота на 14.07, е закажан многу порано пред да знаеме за каков настан се работи и не е поврзан со личниот став на членовите на групата. Парите ќе бидат донирани за терапијата на едно болно детенце, како и на "Одделот за традиционална музика и игра" при ДМБУЦ "Илија Николовски - Луј", за понатамошен развој и истражувачка дејност“, напишаа од Љубојна

Дел пак, велат  дека настапуваат професионално, за пари, а политика не ги интересира.

Забавите почнуваат во 18, 20 и 21 часот.

Од Владата велат дека со пари од државниот буџет ќе се покријат хонорарите за музичарите, поставувањето на бини, осветлување и промотивни летоци за настанот. Сумата ќе се објави штом завршат сите пресметки.