Македонија
23. March 2019 - 16:06

Власта подготвена за можност да пропаднат преговорите, ВМРО-ДПМНЕ очекува игра со гласовите на пратениците

Власта се подготвува за сценарио да обезбеди дво третинско мнозинство во Собранието без ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство. Ова го откри вицепремиерот Бујар Османи по вчерашната втора неуспешна рунда преговори меѓу власта и опозицијата. Според него, законот со кој се решава и статусот на Специјалното јавно обвинителство, е клучен за евроинтеграциите и тој вели дека треба се уште да се даде шанса на преговорите, но и дека мора да се размислува за резервната варијанта.

За опозцијата пак, ваквото сценарио е исто со она кога се обезбедуваа 80 пратеници за уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека веќе се тргува со гласовите на народните избраници.

Од таму велат дека власта не ги прифача нивните забелешки за зкаонот бидејки не сака правда и правна држава.

Власта и опозицијата вчера не постигнаа договор за иднината на СЈО. ВМРО ДПМНЕ нема  да прифати закон во кој не се инкорпорирани нивните барања кои се дел од меѓународни стандарди. Министерката Дескоска, пак, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ не се интересираат за законот туку за  амнестија на обвинетите од нивната партија. Таа не ја исклучи можноста во процесот да се вклучи и меѓународниот фактор.