Бизнис
22. July 2021 - 16:40

Власта очекува ребалансот да донесе економско раздвижување, за опозицијата ќе ја зголеми сиромаштијата

За власта ќе помогне за раздвижување на економијата, за опозицијата е неразвоен и без концепт. Ребаласнот на буџетот се најде на пленарна седница во Собранието. Опозицијата обвини дека со новото прекројување на државната каса, освен што ќе се зголеми сиромаштијата и дополнително ќе се задолжат граѓаните друго ништо нема да се постигне. Нема да помогне за раздвижување на стопанството ниту за остварување на зацртаниот раст од 4 проценти.   

Од Власта пак негираат. Велат ребалансот ќе помогне да се продолжи со здравствените и мерките за бизнисот. Ќе придонесе за економска стабилизација, раст и постепено враќање на патеките од пред пандемијата.

Инаку за време на амандманската расправа од вкупно 222 амандмани кои беа поднесени, прифатени се само 8.

Ова е досега наголем буџет - тежи 4,3 милијарди евра. Со ребалансот приходите ќе се зголемат за 5, 6 проценти, расходите за 8,6 отсто. Дефицитот ќе се продлабочи за нови 200 милиони евра. Средствата за капитални инвестиции се зголемуваат за околу 100 милиони евра.

Пленарната седница за ребалансот треба да трае 5 дена.