Македонија
29. October 2015 - 16:15

Власта обвинува дека СДСМ ги кочи преговорите

СДСМ е во паника од соочувањето со граѓаните и прави се за да ги блокира преговорите и спроведувањето на Договорот од Пржино. Владејачката партија денеска ја повика опозицијата да покаже конструктивност и да не и става пречка на прогресот на Македонија.

Милошоски ја повика опозицијата да дозволи деблокада на процесот и измените во Изборниот законик кои се веќе договорени уште утре да влезат во Собраниска процедура. Тоа според Милошоски ќе биде силен сигнал за Европската унија во пресрет на Извештајот за напредокот на Македонија во насока на задржување на препораката за старт на преговорите.
Милошоски не го криеше впечатокот дека СДСМ прави се што е во негова моќ во април да не се одржат парламентарните избори

Во последните неколку дена, главен камен на сопнување во преговарачкиот процес е законот за влада односно ингеренциите на замениците министри. Милошоски денеска потврди дека Заев го одбил последниот и предлог на меѓународниот фактор кој предвидувал замениците министри да имаат право на вето на одлуките на министрите барајќи неговите министри во Владата да спроведуваат власт без избори. Покрај ова, на големо чудење на странскиот фактор, СДСМ ги без никако образложение веднаш ги одбил и сите 5 предлози на ВМРО-ДПМНЕ кој биле во насока на стекнување на поголема доверба и овозможување зголемена ефикасност на полицијата.

Преговорите меѓу политичките партии продолжуваат и во наредните денови