Македонија
9. October 2018 - 16:19

Власта нема потврда дека има 2/3 мнозинство, но има оптимизам дека уставните измени ќе поминат во собранието

Спикерот Талат Џафери за  понеделник закажа пленарната седница за владиниот предлог за уставни измени согласно договорот од Преспа.  До тогаш се планира да се одржи и седницата на комисијата за уставни прашања.

Премиерот Заев и пратениците од власта велат дека немаат, но и не бараат гаранции дека ќе имаат дво третинско мнозинство во Собранието потребно за да се гласаат измените. Гласовите од опозициката ВМРО-ДПМНЕ се договарале преку, како што вели Заев, пријатни разговори, а исходот ќе се види од чинот на самото гласање.

Премиерот  тврди дека во преговорите немало непристојни понуди.

Пратениците од СДСМ понудија заштита на колегите од ВМРО-ДПМНЕ доколку имаат пртисок од матичната партија и апелираше сите пратеници да сносат одговорост и да донесат одлука.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговараат дека заканите на народните избраници од партијата доаѓаат од СДСМ.  Потсетуваат дека референдумот бил неуспешен и дека волјата на народото е Догворот од Преспа да не се спроведе.

Велат дека партијата се потпира на пратениците.

Доколку не се соберат потребните гласови за уставни измени, премиерот се уште смета дека крајна опција се избори, на кои вели нема сомнеж дека СДСМ ќе победи.

Владата на вонредна седница ги утврди насоките за промените во највисокиот правен акт при што предвиде 4 суштински измени, додавање на придавката северна пред името Македонија, измени во Преамбулата во делот на АСНОМ, зацврстување на границите и грижа за македонските државјани во странство.