Македонија
4. December 2020 - 21:20

Власта нема да преговара со опозицијата за ветингот – Дали се заканува нов бојкот на Собранието?

На ветингот во судството му се гледа крајот. За неколку недели од сега министерот за првада најавува целосни нови методологии по кои треба да се прочистат редовите на судиите и јавните обивнители. Сепак Маричиќ признава дека во оваа реформа засега не е вклучена опозцијата иако нејзините гласови ќе се потребни. Вели процесот не треба да се политизира, а Собрнаието ќе биде мегданот за соочување на аргументите.

ТОНСКО МАРИЧИЌ

Од опозицијата пак, велат дека не знаат што воопшто се случува на темата ветинг иако беше предизборно ветување. Дали ќе се случи нов бојкот во собранието ќезависи од понудата иако очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ не се големи.

ТЕЛЕФОНСКИ ИГОР ЈАНУШЕВ

Спиред најавите на Маричиќ, реформата ќе опфаќа шроверка на имотната состојба, сложеност на предмети што ги водат судиите и јавните обвинители, брзината со која ги завршуваат склучаите, но и дали предметите им се враќаат од повисоките инстанци.

Видеа од Македонија