Бизнис
13. May 2019 - 16:23

Власта најавува квартал со поголема реализација на капиталните инвестиции

Посилен притисок врз министрите за да ги трошат парите за капитални инвестиции. Министерот за финансии бара да се реализираат проектите кои се предвидени со буџетот. За три месеци потрошени се само 6% од над 400 милиони евра превидени за оваа намена. Тевдовски вели дека изгрдбата на патишта се одива според плановите, има потфрлање кај другите прокети.

И министерот за транспорт најавува засилена реализација на предвидените прокети. Вели дека по лошиот старт на годината, вториот квартал ќе ги даде очекуваните резултати, а до крајот на годината плановите ќе бидат исполнети.

Народна банка минатата недела предупреди дека без реализација на капиталните прокети нема да може да се испорача прокетираниот раст на економијата.

Дали слабото трошење на парите досега ќе биде причина за ребаланс на буџетот? Прмеиерот Заев најави дека ребаланс ќе има кон средината на годината, пред се заради зголемените приходи во буџетот. Тевдовски денеска вели дека анализите се во тек. Кога ќе се прекројува државната каса не можеше да прецизира.