Македонија
15. September 2020 - 16:42

Власта најавува кратење на дел од бенефициите за функционерите

Укинување на службените картички за функционерите најавува вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот. Николовски вели дека тоа е дел од владината програма за кратење на бенефициите и привилегиите за лицата на раководни функции.

Граѓанските организации кои го следат трошењето на народните пари сметаат дека наместо укинување, потребна е строга регулација на употребата на службените картички.

И патните трошоци за пратениците но и употребата на службени возила треба да бидат регулирани со строги критериуми, сметаат невладините.

Владата најави дека ќе побара укинување на патните трошоци за пратениците, но собранискиот спикер се закани дека ќе побара одземање на службените возила за владините функционери.