Македонија
13. May 2019 - 16:07

Власта и опозицијата заглавени во преговорите за СЈО - ќе има ли средба Заев-Мицкоски?

Преговорите за статусот на специјалното јавно обвинителство се во застој. Ниту една од преговарачките страни, министерството за правда и ВМРО-ДПМНЕ не знае кога ќе биде наредниот состанок по неуспешните средби минатата недела. Од кабиентот на министерката Дескоска Треневска велат дека се уште чекаат опозициската партија да се откаже од барањето  да се прекинат постпаките на СЈО кои се отворени по истекот на мандатот во јуни 2017 година.

„Чекаме сигнали од ВМРО-ДПМНЕ за промена на ставот и повлекување на нивното барање за амнестија преку законски одредби“, велат од правда.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека исходот на разговорите зависи од менаџерските способности на минситерката, а не од нив.

Неизвесна станува дури и лидерската средба која ја најавуваше премиерот Зоран Заев доколу нема догвор меѓу работните групи.

Од друга страна, власта не крие дека е подготвена да го донесе зкаонот и без ВМРО-ДПМНЕ доколку го обезбеди потребнотот двотретинско мнозинство во парламентот. Но, очигледно е дека и тоа и не оди од рака.

Потребни се гласовите на 8темина од независната пратеничка група на вмро-дпмне. Тие пак, според партиски извори о, се во постјан контат со ВМРО-ДПМНЕ. ОД ПАРТИЈАТА НА Мицкоски не ги потврдуваат овие информации, велат дека главните разговори с еоние со министерството за правда.