Македонија
19. August 2019 - 16:48

Власта и опозицијата во меѓусебни обвинувања за поврзаност со осомничените во „Рекет“

Кој ги има вистинските одговори за случајот „Рекет“? Власта и опозицијата веќе месец и половина секојдневно прстот го упатуваат еден на друг.  Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека одговорноста и одговорите ги има власта и тоа директно го посочуваат премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, но не ги амнестираат од прозивка и останати членови од раководството на владејќката партија кои имале средби и контакти со осомничениот Боки 13.

- Зоран Заев имал докази во врска со случајот „Рекет“ и изјавува дека Катица Јанева правела идиотски постапки. Како е можно Премиерот на државата кој не треба да се меша во судската власт да поседува докази кога и тој самиот може да биде осомничен според видео снимките кои ги виде целата јавност каде што и самиот тој ја споменуван од осомничените? Какви докази поседува Зоран Заев и за кого поседува докази? Зошто Заев доколку поседува докази не е повикан ниту за сведок, иако според видеата кои што ги виде целата јавност може да биде и осомничен во целиот случај „Рекет“?, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ пак, велат дека одговори за случајот треба да даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој поврдил дека се гледал со осомничениот Зоки Кичеец.

- Време е Мицкоски да одговори дали  се гледал со Груевски, со новинарот од Италија, и со други луѓе од Словенија? Редно е да каже со кого се видел? Кога и каде? Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа?... Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот Рекет ама и за сите останати случаи во кои се инволивирани поранешни функционери токму од ВМРО-ДПМНЕ, тоа значи дека одговорност мора да има и за тајкуните на режимот, реагираат од владејачката партија.

Од Алетернатива на Африм Гаши бараат целосна и посветена истрага за случајот Рекет.

- Тргнувајќи од ова, очекуваме да се изнајде некој во оваа држава кој ќе има државна свест и совест и кој ќе посакува Северна Македонија да не се претвори од успешна приказна, која се одвиваше овие две години, во „септичка јама", во која ќе цути организираниот криминал и корупцијата, изјави Дритон Сулејмани, од Алтернатива.

Од Алтернатива, која инаку е во владината коалиција на СДСМ и ДУИ, велат дека СЈО досега работел работело селективно штитејќи ги челниците на ДУИ. Сметаат дека специјалното обвинителство треба да стане дел од ОЈО и да биде раководено од обвинител Албанец,