Македонија
21. јуни 2019 - 16:19

Власта и опозицијата во Гази Баба се скараа за буџетот

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во клинч околу буџетот на општина Гази Баба. Предложениот ребаланс од околу 670 илјади евра не беше поддржан од мнозинството советници од ВМРО ДПМНЕ на денешната седница, што според градоначалникот на Гази Баба, претставува врв на нивното дволично однесување.

Според него, станува збор за средства наменети за капитални инфраструктурни проекти во повеќе населени места во општината, но и блокирање на културните манифестации во општината.

“Порачуваме дека ВМРО нема да не поколеба во проектите...”

Ребалансот е антиреформски, неплански скроен и служи исклучиво за партиски цели, обвинува советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

“Скратените средства се насочуваат за партиски вработувања во комунално Гази Баба...”

По денешните несеогласувања, проектите на општината Гази Баба остануваат без средства за нивно реализирање, додека партиските претсавници не постигнат договор.