Македонија
11. May 2020 - 14:15

Власта и опозицијата со спротиставени ставови одат на лидерска средба

Власта и опозцијата одат со спротивставени ставови на утрешната лиерската средба кај шефот на државата Пендаровски за датумот кога најрано би можеле да се одржат одложените избори. СДСМ инсистира тоа да биде 14 јуни. ВМРО-ДПМНЕ пак, се повикуваат на мислење на Венецијанската комисија која наведува дека по завршување на вонредната состојба потребни се 60-тина дена за да се случат избори.

За власта ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ бега од избори.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека мислењето на Венецијанската комисија иако е направено по барање на Грузија всушност е препорака за сите држави, а дека ваквите ставови на СДСМ се политичка манипулација. Од партијата наведуваат дека Уредбата за избори со која се утврдува продолжување на изборните рокови не е во согласност со Уставот и Изборниот законик. За нив изборите се пресериозна работа за да се лицитира со датуми како што го направил Зоран Заев.

Ова не е пазар каде што се преговара за цени на овошје и зеленчук, ова е премногу сериозна тема. ВМРО-ДПМНЕ има направени анализи, има подготвено одредени поенти кои што ќе бидат утре дискутирани на лидерската средба организирана од страна на Стево Пендаровски која што ќе се одржи така да ве молам да почекаме до утре.

Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски без да спомене датум за избори коментираше дека партијата ќе се води од здравствената состојба на населението и дека избори треба да има на лето. 

Лидерот на СДСМ Заев вчера по состанок со коалициските партнери од коалицијата „Можеме“ излезе со понуда за избори на 14 јуни. Според Заев пикот на корнавирусот е поминат, следи олабавување на рестриктивните мерки, а изборите не се никаква закана за здравјето на луѓето.

За овој датум се изјасни и ДПА на Мендух Тачи. ДУИ ќе ги чека здравсвнеите власти и мисијата на ОБСЕ, додека пак, дел алабнски опозициски партии инсистираат на избори кон крајот на јули и почетокот на август.