Македонија
10. September 2020 - 16:59

Власта и опозицијата си подадоа рака, Собранието продолжува со работа

По повеќе од еден месец од конституирањето, Собранието најпосле ќе почне со работа. Пратеничките групи од владината коалиција, но и со оние од опозицијата постигнаа договор за тоа кој со која собраниска комисија ќе раководи, како и за распределба на членовите во нив.

Комсијата за избори и именување најверојтно по предлогот ќе заседава уште утре.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за конституирањето на комсиите и на пленарна седница дури и ако власта не го поседува мнозинството од 61 пратеник, поради состојбата со наследникот на Шахпаска од СДСМ и Арбен Зибери од ДУИ. Функционално Собрание, според координаторот на ВМРО-ДПМЕН Мицевски ќе биде во корист на опозицијата бидејќи ќе може да предлага свои законски решенија и да отвара дебата за битни прашања.

Од власта најавуваат дека меѓу првите прашања што треба да ги сработи Собранието е да донесе соодветни измени за онлајн водење на седници поради состојбата со КОВДИ 19. Опозицијата се уште е против.

Од формирањето на работните тела зависи и целата работа на Собранието. Во последните 40 дена народните избраници само во неколку наврати дојдоа на работа – за да ги верификуваат мандатите и да изберат собраниски спикер, да ги констатираат оставките на своите колеги и да ја изберат владата. Иако се најавуваа како итни и први за работа ги нема измените на законите во образованието или пак, новите економски мерки, потврда на одлуките за 5 одлуки за вонредна состојба.