Македонија
7. November 2019 - 16:36

Власта и опозицијата се скараа за Законот за административни службеници пред и да го разгледаат

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за законот за административни службеници. Опозицијата обвинува дека вчерашната седница на комисијата за политички систем била закажана без да се почитуваат деловничките прописи.

Власта пак вели ВМРО-ДПМНЕ намерно ги кочи сите проекти важни за граѓаните.

Тензијата од комисиската седница еден час подоцна се префрли и во прес ценатрот.

Законот за административни службеници ќе се носи по скратена постапка. Со  законот се предвидува одредена група на помошно стручните државни службеници кои завршиле високо образование, раководното лице да може да им ја покачи платата во рок од 4 години од донесување на законското решение.

На ваков начин според опозицијата ќе се врши поткуп на административницте во предизборниот период. Засега нема најави кога ќе продолжи расправата во рамки на собраниската комисија за политички систем