Бизнис
11. December 2018 - 21:43

Власта и опозицијата се скараа за прогресивниот данок

Прогресивниот данок ги скара пратеникот Илија Димовски и мини8стерот Тведовски. Димовски тврдеше дека законот е катастрофален, дека ги штити богатите, а повеќе ги даночи успешните. Тевдовски тргна да си оди, со најава дека на комисијата ќе остане неговата заменичка. Димовски го овбини за арогатен однос кон Собранието, по што министерот од нога го слушаше пратеникот, а потоа замина.

На комисијата денеска течеше амандамнска расправа. Мнозинтсвото ги одби амнданите кои се однесуваат на останување на рамниот данок, за не даночење на доходите кои граѓаните ги заработиле од плата или продажба на земјоделски производи, како и за даночно ослободување приватното здравствено осигурување.

Од 22 поднесени амндмани власта прифати 8. Нема да се оданочува приходот од трошоци за превоз и исхрана во делот на стипендиите. А ќе се зголеми и даночното ослободување за парктикантите во фирмите.

Со даночната реформа која ќе важи од Нова годна повисок данок ќе плаќаат сите кои имаат меселен приход од над 90.000 денари. Бизнис секторот е против и бара одложување од 5 години.