Македонија
5. December 2018 - 20:46

Власта и опозицијата се скараа за цената на лебот - НБРМ ја следи сосотјбата

Власта и опозицијата се скараа за цената на лебот. За опозицијата поскапувањето ќе ја подгрее инфлацијата , ќе повлече раст на цените на сите производи

Од власта пак велат дека промената на цената се однесува само на едне тип на леб. Корекцијата ја имаат направено три компании.

-До овој  момент големите фирми ја немаат зголемено цената на лебот.  Ако дојде до драстично зголемување и на другите типови на леб што би влијаело на животниот стандард министертвото ќе интервенира преку Агецијата за стокови резерви, се вели во дописот на министетвото.

Од Нардната банка  за Сител посочија дека тие будно ја следат ситуацијата

Од средината на 2017 година е забележан нагорен тренд на цените на пченицата на светските берзи, како и раст на цената на суровата нафта и нафтените деривати, кои се вбројуваат меѓу тие фактори.

- Имајќи ја предвид структурата на потрошувачката, секако дека најавеното поскапување ќе има определен ефект врз стапката на инфлација, која го одразува општото ниво на цените во економијата.  Тековно просечната домашна инфлација изнесува 1,5%, а за цела 2018 година очекуваме таа во просек да изнесува околу 1,6%. Во следната 2019 година е проектирано нејзино благо забрзување на 2%. Она што е важно  што во овие проекции веќе се  вклучени и претпоставките за понатамошен раст на светските цени на храната и енергијата, и нивно прелевање врз домашните цени. Засега не очекуваме позначајни отстапувања од предвидената патека на домашната инфлација до крајот на оваа и во текот на наредната година, се вели во дописот на НБРМ.

Од Мелничко- пекарската индустрија  посочија дека цената на лебот се зголемува за 20 проценти.  Одлуката  ја правдаат со зголемувањето на цената на суровините и нафтата , но и со тоа дека во земјава има недостатокт на пекари. 

Први на удар се најевтините  видови на леб.  Цената се зголемува само за нив и тоа во одредени маркети и продажни места. Меѓутоа не се исклучува можноста да поскапат и останатите.