Македонија
19. јуни 2019 - 16:13

Власта и опозицијата различно ги читаат заклучоците од состанокот на министри за надворешни на ЕУ

Премиерот Заев е убеден дека на есен земјава ќе добие одлука за старт на преговорите со Европската Унија. По вчерашните информации на екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски дека 7 земји членки на Унијата се противеле на датум за старт на преговорите со Македонија, премиерот уверува. Никој не е против

Опозицијата не е изненадена од одлуката во Луксембург. Велат, за спроведување на реформи потребен е капацитет кој според нив, оваа влада го нема. Опозицијата се сомнева дека Македонија ќе добие датум до крајот на оваа година

Николовски вели дека опозицијата уште пред 2 недели им ги ставила на располгање на владата сите свои капацитети заедно со барање за формирање на работни групи кои ќе работат на реформскиот процес.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија вчера не донесоа одлука за доделување на датум за старт на преговорите за земјава. Во заклучокот тие наведоа дека на ова прашање ќе се навратат најдоцна до октомври.