Македонија
20. March 2019 - 16:16

Власта и опозицијата остануваат цврсто на спротивставените позиции за Законот за СЈО

120 страници забелешки во нотесот на адвокатот Тони Менкиновски ги делат власта и опозицијата од договор за новиот закон за јавното обвинителство кој треба да го продолжи животот на СЈО на Катица Јанева.
Опозицијата бара СЈО да се инкорпорира во Обвинителството за организиран криминал и да нема можност само да си го одредува буџетот без контрола од никого. За опозицијата е неприфатлив и персоналниот состав на обвинителството. Според ВМРО-ДПМНЕ ако власта цврсто се држи за Катица Јанева, тогаш не треба да смета на гласовите на опозицијата за која проблем е се и постапките кои се водат по истекот на рокот во кој СЈО имаше можност да поднесува обвиненија.

Власта не попушта. За неа ниту едно од овие барања на опозицијата не е прифатливо. Премиерот во интервју за МИА уште еднаш потврди дека нема апсолутно намера да се откаже од Катица Јанева бидејќи тоа ќе била лоша порака за сите кои добро работеле.

„Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време. Треба да ги поддржиме нивните капацитети“ – вели Заев во интервју за МИА.

Власта и опозицијата во понеделникот прв пат седнаа на заедничка маса за законот за обвинителството и по 6 часа се договорија опозицијата утре да ги достави своите амандамни а во петок да се направи уште еден обид за договор. И кај двете страни постои оптимизам но не и желба за отстапки што навестува дека Владата ќе бара двотретинско мнозинство кај своите стари партнери и други пратеници.
Додека траат преговорите, владата веќе го испрати законот до Собранието и бара тој да се донесе по скратена постапка. Во меѓувреме, група невладини организации бараат и тие да бидат вклучени во процесот и ја советуваат Владата да го повлече законското решение. Од ЕУ