Македонија
4. August 2022 - 16:36

Власта и опозицијата на различни страни за евентуалниот референдум

Неприкосновена демократија или загрозување на европската иднина. Власта и опозицијата се уште се препукуваат за можниот референдум за францускиот предлог поврџзан со преговарачката рамка и за протоколот со Софија.

Опозицијата и понатаму инсистира дека се работи за најдобра демократска алатка преку која ќе се чуе гласот на граѓаните за тоа што мислат за овие два документи.

За власта нема дилеми дека рефрендумскотот изјаснување е само пропаганда на опозицијата бидејки пропаднале сите лаги околу формулацијата на македонскиот јазик во Еврпспката унија и како што велат, наводна асимилација и бугаризација.

„СДСМ преку парламентарното мнозинство и Владата што ги предводи, покажа како се заштитуваат идентитетските прашања и истовремено се реализираат клучните стратешки цели на државата. Македонската иднина е европска и нема да дозволиме никој да ја загрози.“, велат од СДСМ.