Власта и опозицијата го поддржаа пакетот безбедносни реформи
Власта и опозицијата заеднички ги донесоа клучните безбедносни реформи побарани со извештајот на Прибе и Европската Комисија. За Законот за Агенција за национална безбедност гласаше и потпретседателката и пратеничка на СДСМ Фросина Ташевска Ременски иако таа претходните денови имаше сериозни забелешки за законот што нејзиниот сопартиец Оливер Спасовски го договори со ВМРО-ДПМНЕ.
Ременски се изјасни дека гласа за законот за да не биде обвинета дека е кочничар на реформите, но дека дилемите остануваат.
Таа се откажа од бројните амандмани што ги највуваше и поднесе само едне кој и беше прифатен од Спасовски.
За министерот пак, целиот процес бил инклузивен.
Ременски претходните денови тврдеше дека со новиот закон повторно е можна политизација на безбедносните служби бидејќи во Комисијата за селекција на вработени во Агенцијата ќе има и двајца пратеници. Поддржувачите на законот тврдат дека тие ќе бидат само надзор.
Со безбедносните реформи Управата за безбедност и контраразузнавање се претопува во нова Агенција за национална безбедност. Вработените ќе подлежат на целосно нова безбедносна проверка и на полиграф.
Собраниската комисија за одбрана и безбедност добива поголеми надлежности за да врши надзор врз работата на оваа Агенција и во делот на тајните задачи и во делот на финансиско работење.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар