Македонија
12. April 2018 - 19:01

Власта и опозицијата го отворија пакетот закони за реформи од правосудството

Три од шест реформски закони денеска беа донесени заеднички од власта и опозицијата, како што беше усогласено во работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Се работи за законот за заштитени сведоците, потоа за новата Агенција ОТА која ќе го спроведува следењето на комуникациите и новата постапка за законско прислушување и негова контрола.

Иако на овие закони се работеше повеќе од половина година, сепак во парламентарната сала пројдоа без речиси никаква.

Освен овие три закони, иако беше закажани  седници за уште три реформски зкаони: за судови, за јавно обивнителство и за кривична постапка, тие беа прескокнати. Се работи за неусогласеност меѓу СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ за овие закони. Информациите се дека на нив ќе се работи викендов, за од понеделник да може да бидат донесени.

Ова е втор работен ден на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашното барање за гласање на недовраба на владата. Синоќа Собранието со неуспешната интерпелација всушност уште еднаш го потврди мандатот на Заев. За барањето за недоверба  на ВМРО-ДПМНЕ  гласаа 40 пратеници, додека против беа 62, а 2 воздражни. Денеска со реакции излегоа и самиот Заев, но и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како најпрозвани на вчерашната дебата.

Иако на синоќешнотот гласање БЕСА и ДПА јасно не ја искажаа довербата кон Заев сепак, премиерот денеска повторно ја најави рекнструкцијата за крајот на април со која овие две партии имаат најмногу шанса да влезат во владината коалиција.