Македонија
26. November 2018 - 16:58

Власта го одби законот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија за „27 април“

Власта го одби Законот на ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија за настаните од 27 април. Законското решение на опозициската партија не го помина ни првиот филетер во собраниската процедура – да биде ставено на дневен ред. „Против“ предлогот гласаа 59 пратеници од владејчкото мнозинство , а опозицијата обезбеди 25 „за“. Осумтемината независни пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ од кои тројц  се вклучени во собраниските настани не беа во салата.

За ВМРО-ДПМНЕ законот обезбедува целосна, а не селективна правда.

За власта пак, не може да има амнестија за оние кои нарачале и извршиле насилство.

Неофицијално, координативното тело за помирување за во среда го закажа првиот состанок. Според овие информации, групата  предлага скалеста амнестија за две групи на лица.  Се планира целосно ослободени од одговорност да бидат оние инволвирани во 27 април кои не учествувале во насилства или организација на настанот. Поинакво решение ќе се предвидува за останатите. За нив се споменува преквалификација на делото – теоризам, но нејасно е како тоа ќе биде изведено без мешање во судската власт.