Бизнис
13. September 2019 - 16:24

Власта ги повика младите да не бараат работа во администрација туку да отворат свој бизнис

Младите да не бараат работа во администрација, туку да го живеат својот сон и да почнат сопствен бизнис. На отворањето на Балканскиот претпримачки самит, власта ги повика младите луѓе да останат во земјава и тука да ги реализираат своите бизнис идеи.

Младите претприемачи во земјава пак бараат од власта да помогне да имаат исти услови како нивните колеги во странство. Велат дека нивниот главен проблем е неквалификуваната и демотивираната работна сила, како и недостигот на финансии.

Премиерот Заев во своето обраќање пред младите претпримачи најави дека како во изминатите години, така и годинава ќе има доволно пари за поддршка на младите со претприемачки дух. Им порача да имаат храброст и страст да развијат сопствен бизнис во земјава.

Овие два дена во Скопје се одржува Балканскиот претприемачки самит на кој присуствуваат над 250 млади претпримачи од повеќе земји. Тие ќе ги слушнат искуствата на светски познати претпримачи од Франција, Грција, Индија,  кои ќе се обратат на Самитот.