Македонија
19. September 2019 - 16:38

Власта формираше тело за борба со лажните вести

Власта им објави војна на лажните вести, пропагандата и дезинформациите. Премиерот Заев на првиот состанок на акциската група која ке го координира овој проект порача дека трендот на ширење на шокантни вести и невистини ја поткопуваат не само демократијата туку шират нетрпеливост внатре во државата и во регионот.

-Пропагандата, дезинформациите и евтините квази новинарски приказни промовираат омраза и насилство, создаваат параноја и заговор, ја поткопуваат демократијата и националната безбедност. Тие ни одблиску не се слобода на говор. Напротив, имаат за цел да ги изманипулираат граѓаните, да дезинтегрираат личности, да создадат конфликти. Затоа, мора да научиме да правиме разлика меѓу лагите и конструктивните критики кои се сојузник во нашето работење, рече премиерот Зоран Заев.

Заев   посочи дека најмногу примери на лажни вести и манипулации имало во   периодот на  Преспанскиот договор, со цел тој да се минира.  Претседателот Пендаровски, потсети дека се работи за феномен  од светски размери, а за негово сузбивање потребно е да се вклучат сите чинители, вклучувајки ги и медиумите и граганите.

-Најголема улога имаат медиумите. Тие треба да бидат столб на демократијата......

ЗА собраниксиот спикер  џафери транспарентноста  на институциите е клучна во борбата против дезинформациите.

Министерот за транспратентност и отчетност Роберт Поповски најави и конкретни чекори на владината кампања, која ке почне веке следниот месец.

- Владата на РСМ  веке во октомври ке организира работни средби, дебати, работилници кои ке отворат можност сите чинители да дадат свој приидонес...

Во  Акцискиот план за сузбивање на лажните вести кој е во подготовка, освен претходните активности насочени  пред се кон граганскиот сектор, ке бидат вклучени и безбедносни мерки кои ке се однесуваат исклучиво на Владата и другите државни иснтитуции, посочи министерот Поповски.