Loading Video...
Спорт плус
3. January 2021 - 17:43

Влахова победничка на „Снежната кралица“ крај Загреб

Петра Влахова е победничка на слаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање што се одржа на Сијеме крај Загреб. 
 
Скијачката од Словачка, до триумфот на популарната трка „ Снежната кралица“ стигна со вкупно време по двете трки од 1 минута 59 секунди и 8 стотинки, оставајќи ја за само 5 стотинки зад себе Катарина Лејсенбергер од Австрија, додека трето пласираната Мишел Гисин од Швајцарија имаше 22 стотинки послаб резултат. 
 
За Влахова ова е четврта победа сезонава во  светскиот куп, а трета во оваа дисциплина. 
 
Со 615 бодови Влахова е и лидер во севкупниот Генерален поредок со 28 бодови повеќе од Гисин, додека Американката, Михаела Шифрин која денеска заврши на четвртото место досега има собрано 385 бодови