Бизнис
26. March 2016 - 19:13

Владо Мисајловски: Милијарда евра се инвестира во патната инфраструктура

Милијарда евра инветсиции во патната инфраструктура. Обновување на пругите и нови вагони за железницата, нови аеродроми и рекорден број авио линии, масовна легализација на дивоградбите се само дел од прокетите кои Министерствто за транспорт ги сработи во изминатата деценија.

Само за изгрдба на автопати во моментов се инветсираат над 800 милиони евра. Се градат три автопати со вкупна должина од 142 киломтери, а рехабилитирани се 85 километри автопатска мрежа во врендост од 70 милиони евра.

-Во делот на регионалните патишта, до сега се реконструирани се 55 магистрални и регионaлни патишта со вкупна должина од над 510 километри, инвестиција од 93 милиони евра. Во тек на рeконструкција се 13 регионални патишта со вкупна должина од 165 километри и инвестиција од преку 48 милиони евра, меѓу кој и изградба на еден експресен пат од Велес до Кадрифаково.Во наредниот период започнуваме со реконструкција на 11 регионални правци со вкупна должина до 200 километри и инвестиција од преку 370 милиони евра, меѓу кои се и изградба на 5 експресни патишта и тоа  Штип – Радовиш, Штип – Кочани, Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп и од Охрид до Пештани, вели министерот за транспорт Владо Мисајловски.

Во железничката инфраструктура во моментов се вложуваат половина милијарда евра за изградба на пруги кон Бугарија и  Грција. А во тек е и проектирањето на пругата кон Албанија. За прват по повеќе децении се ркеонструираат десетина железнички станици, а подновен е и возниот парк со 6 нови патнички возови и 150 нови товарни вагони, инвестиција од 40 милиони евра.

Постигнат е напредок и во авио сообраќајот,  по рекоснтрукцијата на двата аеродорми од страна на турски ТАВ обезедени се нови евтини летови до европски дестинации. Во момемтов од земјава се лета на 35 редовни линии, а во 2005 имаше само 15. Бројот на патници постојано расте, а лани беше постигната рекордна бројка од милион и пол патници на макеоднските аеродорми.

Се вложува во изгрдаба на социјални станови, изгадени се 678 стана во врендост до 20 милиони евра. А во тек е и најоебмната реформа за легализација на дивоградбите.

-До сега имаме легализирано околу 147 000 објекти. Покрај продолжувањето на рокот за легализација овозможивме да се легализираат и објекти кои се наоѓаат на приватно земјиште. За социјално ранливите граѓани овозможивме бесплатна изработка на геодетски елаборат за легализација на нивните домови. Досега имаме изработено над 5300 бесплатни елаборати, а мерката продолжува и понатаму, вели Мисајловски.

Досега се изградени 14 километри пешачки патеки и уредени се над еден километри плажи крај макеоднските езера. Мисјаловски најавува дека подобрувањето  на турстичката инфраструктура ќе продолжи и натаму.