Џет-Сет
10. September 2018 - 13:10

Владо Георгиев конечно ја покажа ќеркичката

Познатиот пејач Владо Георгиев во 2016 година по прв пат стана татко, откако неговата девојка се породи со нивната ќерка Софија.

Пејачот точно две години ја криеше својата наследничка далеку од очите на јавноста, а неодамна на својот Инстаграм профил за прв пат објави фотографија од ќеркичката.

Софија наполни две години, а Владо Георгиев јавно и го честиташе роденденот, погледнете.

-Веќе втор роденден, љубов татина, напиша пејачот.