Свет
28. September 2022 - 15:03

Владите на Бугарија и Полска ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Русија

Владите на Бугарија и Полска ги повикаа своите граѓани кои се уште се во Русија веднаш да ја напуштат таа држава. Според Гардијан, тоа би можело да биде потег кој ќе доведе до уште поголем метеж на граничните премини, со оглед на тоа што се повеќе луѓе бегаат од Русија од мобилизацијата. МНР на Бугарија ги повика своите граѓани „да се воздржат од патување во Руската Федерација“ и ги советува бугарските државјани во Русија „да ја разгледаат можноста да ја напуштат земјата што е можно поскоро, користејќи ги моментално достапните транспортни средства“.

Слично соопштение даде и полското Министерство за надворешни работи, како и естонското.

„Во случај на драстично влошување на безбедносната ситуација, затворање на границите или други непредвидени околности, евакуацијата би можела да биде значително потешка, па дури и невозможна.

Им препорачуваме на граѓаните на Полска кои се на територијата на Русија да ја напуштат нејзината територија користејќи достапни комерцијални и приватни транспортни средства“, се вели во соопштението на полското Министерство за надворешни работи.