Македонија
19. October 2015 - 19:20

Владиното координативно тело усвои повеќе мерки во интерес на граѓаните

Теренските посети на премиерот во сите региони од државата ги даваат своите резултати. Нов базен за жителите во општина Шуто Оризари, решавање на проблемот со водоводната ,мрежа во Долно Лисиче, нов пат до село Крилатица и негово поврзување со Кратово и ново повеќенаменско игралиште во Драчево, како и изработка на нов проект за водоводна и канализациона мрежа за Сопиште и Кисела Вода се дел од проектите кои се договорија на вчерашниот состанок.

Премиерот Никола Груевски го задолжи директорот на Агенцијата за млади и спорт Маријан Спасевски за наредната година да предвидат изградба на нов базен за жителите на Шуто Оризари, општина која досега нема објект од ваков тип.

Меѓу другото се разговараше и за проблемот на граѓаните од Долно Лисиче за потребата од реконструкција и изградба на делови од примарната и секундарна водоводна мрежа, при што беше одлучено проширување и зголемување на водоводната мрежа со етапни градежни работи

Во однос на изградбата на спортска инфраструктура Директорот на Агенцијата за млади и спорт истакна дека во плановите за изградба на повеченаменски игралишта ќе се испланира и повеќенаменско игралиште освен во Пинтија и во населбата Драчево што е и барање на граѓаните

Во однос на барањата од граѓаните на Кисела Вода и Сопиште на состанокот се разговараше и за проблемот со водоводната и секундарната фекална мрежа во Бабин Дол и Припор за што беше констатирано дека станува збор за покрупен инвестициски проект за кој што најнапред е потребно да се изработи проектна документација преку која би се разгледале можностите во однос на излегување во пресрет и на ова барање

Истовремено на состанокот било одлучено да се даде насока до сите општини во кој што има изградено спортски сали од страна на Владата, независно дали тоа е преку Министерството за образование и Наука или Агенцијата за млади и спорт да создадат услови најмалку по два часа два пати неделно да се отстапат слободни термини за бесплатно користење на спортските сали за граѓаните кои живеат во нивна близина.

Од Владата информираат дека овој вид на координативни состаноци ќе продолжи и во идниот период бидејќи истото претставува продолжување на континуитетот на работата на премиерот базиран на редовни средби со граѓаните и постојано разгледување на посочените проблеми и барања на граѓаните.