Бизнис
29. December 2017 - 20:07

Владините мерки за економски раст не обезбедуваат поддршка за компаниите на кои навистина им треба помош

Бизнисот со забелешки за владината програма за економски раст. Ќе им помогне сдамо на големите фирми.

Мерките  со кои се предвидува  финансиска подршка за фирмите кои ќе дадад плати од 18 илјади денари  и ќе вработата нови лица кои се  дел од владината програма за економски развој  текстилните  компании нема да можат да ги искористат. Прво затоа што од  овие фирми се соочуват со проблем да најдат солиден кадар за работа, и второ никој  од нив не можат да дадат плата од 300 евра. Поради тоа од кластерот за текстил велат дека бенефит од мерките во програмата ќе имаат малку домашни фирми- само оние поголемите и странските инвеститори.

Од текстилот забелешки имаат и за мерките со кои ќе се подржувааат извозните фирми. Во програмата не е дефинирано кој ќе ја добие државната помош- дали фирмите кои извезуваат финален  производ или оние кои ги обезбедуваат суровините за истиот. Проблем е и тоа што финансиската помош компаниите ќе ја добијат откако ќе напрват инвестиции.

Од комората на северозападна Македонија сметаат дека во програмата не нема доволно  пари за фирмите кои се во помалку развиените региони.

Пред два дена премиерот Заев и вицепремеирот Анѓушев ја објавија завршната верзија на планот за економски раст со кои во 2018 година бизнсиот ќе се помага со  над 50 милиони евра. Мерките треба да овозможат  стопанството да генерира поголеми стапки на  раст.