Македонија
10. May 2019 - 16:58

Владината „метла“ за функционери ќе мирува наредните денови, премиерот Заев замина на одмор

Метлата мирна, министрите на број. Скоро три недели по најавата на премиерот Заев за пролетно чистење во неговиот кабинет, празна е само фотелјата на министерот за култура кој како што рече си заминува поради лични причини.
Во Мала Речица, велат дека одлуките за смени на нивните министри не ги носи премиерот туку партиските тела и лидерот Ахмети.

Најавата за чистка ги наполни медиумите со серија шпекулации според кои, речи си и да нема министер кој ќе се спаси од метлата на Заев.

Покрај членовите на владиниот кабинет, во игра се и имиња на градоначалници од кои премиерот би побарал да си поднесат оставка поради лоши резултати.

Согласно Уставот, министрите ги избира и разрешува Собранието со апсолутно мнозинство од 61 пратеник.

Доколку Заев се реши да смени повеќе од 8 министри во неговиот кабинет кој брои 26 члена тогаш во Собранието ќе треба да се води постапка како за избор на нова Влада.