Владина седница за поплавите во Тетово
Владата за денеска закажа седница на која ќе бидат разгледани состојбите по поплавите што ги предизвикаа вчерашните обилни врнежи во Тетово.
Како што соопшти доцна синоќа премиерот Никола Груевски кој итно го посети Тетово, ќе се утврдуваат натамошните активности, но најпрво помошта за населението и субјектите.
Според првичните проценки, штетите од поплавите се најголеми во Шипковица. Сосотојбата е лоша и во Голема Речица каде дошло до излевање на реката од надојдените води, а има и информации за жртви.
- Ја посетивме и тетовската болница каде од директорот бевме информирани дека тука биле донесени две починати лица, како и девет повредени, од кои едно е испратено во Скопје поради тежината на повредите и едно е задржано за лекување тука. Жалам што се случи ова, но максимално се ангажирани сите инстутуции и на централно и на локално ниво да им се помогне на луѓето во погодените места, истакна премиерот Груевски откако направи увид директно на терен и поразговара со надлежните и граѓаните.
Груевски во Тетово беше придружуван од вицепремиерот Владимир Пешевски, министрите за одбрана и МВР Зоран Јолевски и Митко Чавков, како и државниот секретар за транспорт и врски Божидар Петроски кој повика компании од Скопје со кои Владата има склучено договор за вакви ситуации.
На испомoш доаѓаат и оние фирми кои Владата ги има ангажирано за овој регион.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња