Македонија
9. May 2021 - 11:10

Владина делегација положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерката за образование и наука, Мила Царовска, по повод 9 Мај - Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, положија свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел.

Покрај владината делегација, свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на Борци од НОБ, Собранието на Република Македонија, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Армијата на Република Македонија и Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов.

Оддавањето почит на борците против фашизмот за нивните дела кое израснаа врз рушевините и ужасите на Втората светска војна, е и за делата кои ја создадоа македонската државност паралелно со победата над фашизмот.