Бизнис
12. November 2019 - 15:21

Владина делегација на увид во работите на системот за наводнување Равен – Речица

Делегација од владини функционери денеска изврши увид во работите на системот за наводнување на земјоделско земјиште во полошкиот регион и оцени дека работите се одвиваат со задоволителна динамика.

Исен Џемаили министер за инвестиции, кажа увидот во работите на хидро-мелиоративниот систем е дел од активностите кои Владата ги спроведува пред седницата која треба да се одржи во Тетово. Тој напомена дека низ полошкот регион се испратени повеќе тимови, за да како што рече, да се добијат директни информации за работите кои се изведуваат и за потребите на граѓаните.

– Сакавме да се запознаваме со степенот на реализација на овој проект. Ни беше кажано дека досега се отворени 80 проценти од трасата, а од целокупнот проект реализирани се 20 проценти. Овој проект треба да се спроведува пет години, а за првата година овој степен на реализација е задоволителен, рече Џемаили.

Според Нефрус Челику државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, системот за наводнување Равен – Речица е исклучително значаен за земјоделците во полошкиот регион.

– Овој хидро-систем опфаќа површина од 3.200 хектари земјоделско земјиште. Тоа современ систем со капитална вредност која надминува 15 милиони евра. Придобивки најмногу ќе имаат земјоделците, рече Челику.

Тој напомена дека од областа на руралната инфраструктура во полошкиот регион државата издвоила пари за 19 проекти, некои се започнати, а за некои се чекааат процедурите за јавни набавки.

Според Славе Арсоски директор на ЈП Водостопанство, системот за наводнување Равен – Речица е дел од активностите на Владата за вложување во овој сектор, бидејќи како што нагласи, водата е неопходна за да се добие добар род и засејување на пвоеќе видови земјоделски култури.

– Очекуваме да се завршат и процедурите со експропријација на некои парцели, но работите течат со задоволителна динамика. Во моментов работиме на повеќе позначајни објекти, како што е браната Коњско, браната на Оризарска река, Јужно вардаска долина, во дебарскиот дел правиме систем со пумпна станица. Владата прави сериозен исчекор во овој правец и тоа го покажува на дело, подвлече Арсоски.