Владимир Путин по четврти пат на чело на Русија | Сител Телевизија
Loading Video...
Свет
19. March 2018 - 18:02

Владимир Путин по четврти пат на чело на Русија

Владимир Путин уште шест години во фотељата во Кремљ.  50 милиони руси го подржаа неговиот 4 претседателски мандат и му помогнаа  на Путин  дури и да постави нов рекод по број на осовени гласови од кој било кандидат пред него, па дури и од  него самиот.   На второ место е кандидатот  на комунистичката партија Павел Грдуињин,а трет е Владимир Жириновски од Либералдемократите. Првите честитки до Путин  стигнаа од Кина и Венецуела, но не  и од западните лидери.Тензиите меѓу Русија и Западот се продлабочија последните недели по труењето на екс рускиот шпион Скрипаљ во Британија, за кое Лондон ја обвини Моска. Москва пак отфрли вмешаност во инцидентот.

Алармантно предупредување на Европол- 30 000 потенцијални терористи во Европа

30 000 потенцијални терористи се наоѓаат во Европа. Алармантното предупредување го изнесе првиот човек на Европол, Роб Вајнрајт.  Според  него главна закана за Европа е експанзијата на терористичките активности, како и сајбер заканите и криминалните групи  кои постојат во некои држави.   На состанокот на Европол Вајнрајт потенцирал и дека 800 луѓе од Западен Балкан се бореле на страната на ИД во Сирија и Ирак.

Ситуацијата во поплавените подрачја во Хрватска алармантна

Ситуацијата во поплавените подрачја во Хрватска е алармантна велат властите.Се очекуваат нови дождови а водостоите на реките  да растат. Водосотјот на реката САва кај ЈАсеновац достигна највисоко ниво во последните 50 години и изнесува 917 сантиметри.  Се преземаат превентивни мерки за се спречи сценарото од 2014 година кога беа поплавени многу куќи.