Македонија
22. May 2018 - 13:51

Владимир носи ново невреме

Во текот на денешното претпладне времето во државава ќе биде умерено облачно со сончеви периоди (локално и подолги). Од пладневните часови ќе се развива нестабилна облачност која на многу места ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, објави „Метеомакс“.

Локално, процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за локална појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.

Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека вочарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.