Македонија
25. April 2018 - 15:11

Владимир Дојчиновски, нов уметнички директор на Макфест 2018

Градоначаникот на општина Штип, Благој Бочварски денеска потпиша договор со кој Владимир Дојчиновски го именуваше за нов уметнички директор на фестивалот на музика „Макфест 2018“ во Штип.

Дојчиновски на прес-конференцијата истакна дека ќе направи се фестивалот „Макфест“ да си го задржи реномето.

- Сакам да им се заблагодарам на сите уметнички директори пред мене, сите тие со своите концпеции, без оглед на тоа дали фестивалот беше во јуни, октомври или без оглед на концепцијата направија многу за фестивалот. Јас сум дел од Макфест од далечната 1998 година, а неколку пати ја добивав и првата награда без оглед на тоа дали сум аранжер или автор на музиката , рече Дојчиновски.

Фестивалот „Макфест“ годинава ќе се одржи во првата недела од октомври. Конкурсот за песни заврши пред два дена, но ќе се почека уште некој ден по што ќе бидат разгледани пристигнатите композиции. Наградите се 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ и 1.000 евра за трето место.