Македонија
25. December 2016 - 19:18

Владиката Петар одбележа 35 години архиерејска служба во МПЦ

Богослужбените книги “Минеи”, како и други црковни книги кои неодамна се преведени од црковен на македонски јазик, денеска, во присуство на Поглаварот на МПЦ ОА, г.г. Стефан, беа промовирани во битолскиот црковен  храм “Св. Богородица”.Според Архиепископот г.г. Стефан, со овие преводи, оваа генерација црковни достојноци и свештенослужители, но, и целиот македонски народ се вклучуваат во делото на Светите браќа Кирил и Методиј, на Св. Климент и Св. Наум, бидејки јазикот имал и ќе има исклучително место во животот на секој народ, па и на македонскиот.
Промоцијата на “Минеите”, се совпадна и со 35- годишнината од хиротонисувањето на митрополитот Петар за надлежен архијереј на Преспанско-Палагониската епархија.
Инаку, “Минеите” се богослужбени книги, кои, ретко кој народ ги има преведено на својот современ јазик.