Македонија
28. May 2018 - 20:14

Владика Пимен: МПЦ нема да го смени името на цркавата - таа го отсликува идентитетот на народот

МПЦ нема да прифати ново име. Името на  Македонска православна црква се врзува со нашиот идентитет, а не со мноштвото на народи кои ги имаме. Црквата треба да стои над политиката и нема да посегне по тој чекор да го промени своето име, затоа што имаме национално име како Македонска православна црква“, истакна  Владиката Пимен, на свечената литургија во катедралната црква Света Софија по повод одбележувањето на 1000 годишнината од постоењето ан охридската архиепископија.

Архиепископот г.г. Стефан потенцира дека постоењето на МПЦ не претствува закана за другите помесни цркви.

И покрај поканата од страна на МПЦ до сите цркви од нашето опкружување ниту една од нив не испрати претствник на овој значаен јубилеј во Охрид.

Инаку чествувањето по повод јубилејот продолжува од месец мај па се до декември со бројни културни научни образовни и спортски настани како на локално така и на државно ниво ќе се одбележува еден милениум од постоењето на Охридскта архиепископија.