Македонија
10. September 2021 - 8:03

Владика Јосиф: Големо сочувство заради загубата на човечките животи

Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф упати порака за сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница и ги повика верниците да се молат за починатите, повредeните и погодените од трагичниот настан.

-По повод трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, кој се случи во вечерните часови на 8 септември, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф изразува големо сочувство заради загубата на човечките животи, кои настрадаа во пожарот, а на нивните семејства, роднини и пријатели им изразува сочувство, ветувајќи им ги своите молитви. На повредените им посакува поскоро закрепнување.  По овој трагичен настан митрополитот г.Јосиф ги повика верниците да се молат за починатите, повредените и сите оние кои се погодени од овој трагичен настан, се вели во дописот од тетовското-гостиварската епархија.