Македонија
12. April 2021 - 16:38

Владиците сами одлучиле да се лекуваат во приватни болници, вирусот го поминале голем дел од свештенството

Владиката Петар и Владиката Агатангел сами одлучиле да се лекуваат во Систина од ковид, велат од Македонската православна црква. Зошто направиле ваков чекор, од МПЦ не откриваат повеќе детали. Митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј вели дека вирусот не го поштеди ниту свештенството. Половина од свештениците во неговата епархија веќе го прележале вирусот.

Во пресрет на велигденските празници, Тимотеј апелира граѓаните одговорно да празнуваат.

Претходно апел граѓаните да ги почитуваат мерките за време на празниците упати премиерот Заев, министерот Филипче, претседателот Пендаровски, и лидерите и претставниците на верските заедници.

Верските објекти остануваат отворени во пресрет на празниците,а без разлика каква и да биде епидемиолошката слика, верските заедници ќе ги следеле одлуките на Kомисијата за заразни болести.