Балкан
1. December 2016 - 13:25

Владејачката партија заврши со работата врз предлогот за измени на Уставот

Владејачката партија на правдата и развојот заврши со работа врз предлогот за уставни измени меѓу кои и воведување извршна претседателска власт, изјави премиерот Бинали Јилдирим.

Тој додаде дека националистичката опозиција во голем степен е согласна со нивниот проект.

Партијата на правдата и развојот има потреба од поддршка од Партијата на националистичка акција за да обезбеди неопходно мнозинство во Парламентот за да може нацртот со уставни промени да биде предложен на референдум.

Промените во Уставот ќе му дадат на претседателот Ердоган извршни овластувања, кон кои тој одамна се стреми.