Свет
1. December 2016 - 17:56

Владејачката партија на Јужна Кореја настојува Пак да даде оставка до април догодина

Владејачката партија „Сенури“(„Нов свет) во Јужна Кореја официјално настојува претседателката Пак Гуен-ху да се повлече од функцијата до април идната година, истакна лидерот на партијата Чунг Џин-сук. 

Изборите за претседател, кои првично беа планирани за крајот на 2017 година, може да бидат одржани во јуни, наведе Чунг, посочувајќи, дека тоа може да послужи како основа за преговори со опозицијата. 

Во меѓувреме три опозициски партии продолжуваат да настојуваат за импичемнтот на Пак Гуен-ху, иако раководствата на политичките формации се уште не постигнале договор за тоа кога ќе се одржи гласењето за отстранување на претседателката. 

За да успее такво гласање, потребно е да биде поддржано од две третини од пратениците во парламентот, кој брои 300 членови, што би било возможно само со гласовите на „Сенури“.