Свет
2. July 2016 - 20:55

Владејачката коалиција во Австралија не успеа да го добие потребното мнозинство на парламентарните избори

На парламентарните избори во Австралија владејачката Либерално-национална коалиција (ЛНК) на чело со премиерот Малком Турнбул води со 74 пратенички места, две помалку од потребните 76 за мнозинство во 150-члениот Долен дом, соопшти Австралиската изборна комисија, цитирана од ДПА.

Лабуристите на поранешниот синдикалец Бил Шортен досега обезбедија 66 места во парламентот. Едно место е за кандидат на зелените и уште четири за независни кандидати. Останува да се дефинираат победниците за уште пет места.

Во претходнат состав на Долниот дом конзервативците имаа 90 места, а лабуристите - 55.