Бизнис
19. September 2022 - 16:36

Владата уверува дека ќе обезбеди струја од Бугарија по цена пониска од берзанската

Договор за испорака на струја со Бугарија ќе има, преговорите ќе продолжат утре. Министерот Бектеши уверува дека ќе се набават доволни количини електрична енергија и по цена  далеку пониска од берзанската. Ја замоли опозицијата да не лицитира со бројки од 300, 400 евра за мегават,  бидејќи, како што вели, ако Европсаката Унија ја ограничи цената на 180 евра за мегават, можно  е и ние да бидеме дел од тие мерки, односно и за нас да важи таа цена

- Пораката е јасна – зимата ќе биде тешка и сите мора да штедат. И граѓаните и стопаснтвото и државните, но и верските институции. Од Исламската Верска  заеднаца велат – Наша обвка а е рационално да ја  користиме електричната енергија, но ќе нараме и од нашите верници одговорно да се однесуваат.

- Помош за надминување на енергетската криза, ако евентуално сопре испораката на гас, земјава  ќе бара од Турција. Оваа недела министерот  за економиај, заедно со надлежните директори од ЕСМ, МЕПСО во истанбучл ќе бараат решение за полесно надминување на енергетската криза.