Бизнис
11. May 2020 - 16:33

Владата утре ќе одлучува за нов пакет економски мерки

Владата утре ќе одлучува за предложениот сет мерки за рестартирање на економијата, кој го достави владејачката СДСМ.   Што ќе содржи,  се уште не се открива, но според  министерката за финансии Ангеловска – ќе биде насочен кон стимулирање на личната потрошувачка, со фокус на домашната понуда. а со тоа и директно помагање на економијата, погодените сектори и индустрии. Таргетирањето се однесува како за погодените сектори, така и за групите граѓани, за да им се помогне на оние на кои им е најпотребна помош., велат од кабинетот на Ангеловска.  Ова значи дека сепак власта не отстапува од идејата за директно финансирање на одредена категорија граѓани, преку делење на ваучери со кои би се купувале  домашни производи,  како и за летување во домашните одморалишта, со цел да се поттикне и домашниот туризам . Влера лидерот ан СДСМ ги отфрли како шпекуалција информациите дека ќе дела т по 10 илјади денари помош на социјално загрозените лица, како и на посиромашните студенрти.

Со втората мерка ќе се предложи старт на сите капитални инвестиции за кои има готови проекти во министерствата. Ова би значело планираните проекти за наредните години, да започнат оваа , за да заживее и градежната индустрија. И  третиот сет мерки е насочување кон предностите кои ги има нашата земја во делот на земјоделието и прозивдоството на харна,  ќе се поттикнува ИТ секторот и ќе се притиска за отворање на нови фабрики  кои треба да произведуваат делови кои во моментов се увезуваат од странство. Со ова треба да се сптечи одливот на девизи. И да се  зголеми а конкурентноста на домашните компании. Пари за финасирање на овие проекти веќе се  бараат од меќународните институции, одсно од д Светстка банка и од  ММФ.