Македонија
13. August 2018 - 16:17

Владата утре ќе носи одлуки како ќе ги информира граѓаните за референдумот - ВМРО-ДПМНЕ се уште вгради внатрепартиски ста

Владата утре на седница ќе одлучува каква кампања ќе води за референдумот на 30 септември и како подобро да ги информира граѓаните за содржината на Договорот со Грција. Премиерот Зоран Заев не гледа ништо спорно во тоа да има владина пропаганда за граѓанското изјаснување особено имајќи го пред вид фактот дека токму оваа влада го склучила Договорот и го направила историскиот предизвик.

Како што објавивме, владините фукцинери на социјалните мрежи веќе водат платена кампања за референдум. Според Владата, од државниот буџет на Фејсбук досега биле потрошени вкупно 100 евра и тоа за рекламите и од владината страница влада.мк и од страницата на прмиерот Заев. Но од таму најавуваат интензивирање на пропагандата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште не донела одлука дали ќе учествува на референдумот. Лидерот Христијан Мицкоски најавува дека се уште траат внатрепартиските консултации.

Владиниот коалицискиот партнер Ахмети пак, најави дека неговата ДУИ ќе ги ангажира сите капацитет за референдумот да биде успешен.

Во меѓувреме, од ДИК информираа дека 542 иселеника се пријавиле за гласање во странство. Потврда дека ќе можат да гласаат во амбасада или конзулат веќе добиле 473 (тројца), додека пак, деветмина биле одбиени. Најголем број пријави се поднесени за гласање во Лондон, во Берн,Торонто, Виена и во Љубљана.

Избирачкиот список пак, преку подрачните единици на ДИК го провериле 821 граѓанин. Најмногу проверки биле направени во Битола, Радовиш и Струмица.