Бизнис
15. May 2020 - 16:54

Владата усвои ребаланс на буџетот

Владата со скроениот ребаланс ќе потроши речиси 54 милиони евра повеќе од планираното. Расходите се зголемуваат за 1,4% и ќе достигнат 3,95 милијарди евра. Овие пари ќе се насочат во Ковид Програмата, за реализација на третиот сет мерки, односно за помош на стопанството и домаќинствата.

Вкупните приходи планирани се на 3,2 милијарди евра, што е за 11,5% помалку од првичните проекции. Ова значи дека дефицитот ќе биде тројно повисок од планираниот и ќе изнесува 6,8%.  Ангеловска вели, за да се покрие, ќе се барат пари од дома, но и од надвор.

Ова е историски највисок дефицит, кој ќе го зголеми јавниот долг до 60% од БДП, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Сметаат дека ребалансот е задоцнет, требало да се донесе пред месец и половина, и парите наместо за помош на економијата, сега ќе завршат за изборен поткуп.

Мминистерката  Ангеловска, смета дека скратени се сите непродуктивни трошоци, стопирани се новите вработувања, има забрани за јавните набавки кои не се побрзани со корона кризата, но нема кратење на платите на административците. На овој начин, заштедени се 32 милиони евра, што значи со ребалансот вкупно се обезбедени 82 милиони евра во Фондот за Ковид. Пари за зголемување на пензиите има, но ќе растат и префрлањата од буџетот кон фондот, поради помалите приходи од придонеси.

Согласно владините прогнози, економијата ќе заврши во негатива од 3,4 отсто, а невработеноста ќе падне на 17%.