Македонија
27. February 2018 - 21:06

Владата усвои информација за можноста на вклучување на РМ во „Програмата за развој на зелени градови“

 Владата денеска на 56. седница ја усвои информацијата за можноста за натамошно вклучување на Република Македонија во иницијативата „Програма за развој на зелени градови“.

Целта на програмата е да се унапреди управувањето со активностите за зелен развој во градовите преку обезбедување инвестиции, поддршка за развој на политики и градење капацитети на национално и локално ниво.

Програмата предвидува вклучување на девет држави кои се подобни за користење средства од Зелениот климатски фонд на Европската банка за обнова и развој: Албанија, Ерменија, Македонија, Грузија, Јордан, Молдавија, Монголија, Србија и Тунис.